Прашања? 076 275 076

Како се создаваат новите генерации на иноватори?

На почеток Ве молам сосема накратко објаснете ни што е СТЕМ едукација и зошто е важна?

СТЕМ е кратенка од Science, Technology, Engeneering, Math или во превод наука, технологија, инженерство и математика, па оттука поимот СТЕМ едукација се однесува на стекнување на знаење и вештини поврзани со овие четири дисциплини. Она што е карактеристично за СТЕМ едукацијата е пристапот на кој се изучуваат овие дисциплини и можноста учениците да се стекнат не само со знаења туку и со меки вештини како тимска работа, критичко и иновативно размислување кои ќе им служат не само во образовниот процес туку и понатаму во животот.

Насекаде низ светот се забележува тренд на промоција на СТЕМ професиите и развивање на едукативни програми за СТЕМ вештини наменети за деца од најмала возраст. Зошто е важно учениците да бидат запознаени со СТЕМ вештините од мала возраст?

Ако тргнеме од статистичките податоци тие ни покажуваат дека СТЕМ професиите растат со речиси двојно поголема стапка отколку останатите професии, повеќе се платени и имаат клучна улога за одржлив раст и стабилност на една економија. Ова е така бидејќи СТЕМ едукацијата учи на критичко размислување и ја зголемува писменоста од областа на науката, на тој начин креирајќи ја новата генерација на иноватори.

Во современиот свет не е веќе важно што знаеш туку како тоа знаење да го искористиш и во кои ситуации.

Од друга страна пак, соочени сме со фактот дека денешните генерации на ученици во иднина во голем дел ќе работат на работни места кои се уште не постојат. Како можеме најдобро да ги подготвиме за ваквите предизвици кои ги носи новото време? Постојат значаен број на факти кои покажуваат дека концептот на работа и вештини потребни за работни места се менува и се повеќе стануваат неопходни вештините како експертско размислување и презицно комуницирање. Затоа одговорот е во стекнување на вештини кои вклучуваат тимска работа, иновации, критичко мислење, решавање на конкретни проблеми од секојдневието без страв од неуспех. За да се постигне ова потребно е охрабрување на иновативното и критичкото размислување кај децата. На овој начин уште од најмала возраст се формираат личности кои без страв им приоѓаат на предизвиците потпирајќи се на љубопитноста и секако на стекнатото знаење и вештини.

Во што се разликуваат СТЕМ часовите од традиционалните часови?

За жал многумина прават голема грешка и го поистоветуваат СТЕМ образованието со едноставно вклучување на поголем број на научни, инженерски или математички теми и часови во образованието, меѓутоа под СТЕМ се подразбира интегриран интердисциплинарен пристап на учење низ наставните области и претставува мешавина од академски и технички вештини. Има неколку аспекти од СТЕМ едукацијата кои ја прават толку значајна за учениците. Најпрво целиот процес на учење се одвива преку решавање на интердисциплинарни проблеми од секојдневието со што децата учат дека проблемите иако непознати, не се ништо лошо или страшно. Притоа, СТЕМ едукацијата се оттргнува од пасивните инструкции како нешто треба да се направи правилно, туку дозволува преку игра и истражување секој да дојде до свое решение, а доколку некаде заглави, негово е да ја најде информацијата која ќе му помогне и да се врати назад за да го имплементира стекнатото знаење од таа информација. На овој начин децата учат со разбирање, ги прошируваат своите знаења со леснотија, а воедно стекнуваат вештини кои ќе им служат, не само во процесот на образование, туку и подоцна во животот.

Второ, СТЕМ едукацијата охрабрува изнаоѓање на различни решенија на ист проблем. Тоа значи дека нема само еден точен одговор, туку секој тим доаѓа до свое решение кое ќе биде одраз на стекнатото знаење, афинитетите кои членовите на тимот ги имаат за решавање на различни аспекти од проблемот, како и соработката во тимот. Многу често се случува тимот да не успее да го реши предизвикот при првиот обид и учениците знаат дека тоа е сосема во ред. Ова е по мене многу значајно зошто само ако не се плашат од неуспехот децата ќе бидат спремни да им пристапат на новите и сосема непознати предизвици. Затоа во СТЕМ едукацијата едукаторите не се единствен извор на знаење туку се ментори и водачи кои ги охрабруваат и наведуваат учениците да размислат и откријат кој дел од нивното решение не функционира како треба, што треба да се подобри, да се промени за тимот да дојде до ново успешно решение. На овој начин стекнатото знаење останува со нив и многу години подоцна без воопшто да се трудат да меморизираат разни тврдења.

Зошто родителите би ја избрале токму СТЕМ Академија?

Од неколку причини. Прво, СТЕМ Академија е единствена организација која повеќе од 3 години посветено работи на креирање на вештини на 21 век кај децата. Во текот на сите овие години стекнавме големо искуство во полето на СТЕМ едукација во нашата земја, први започнавме и од сам почеток се потпираме врз знаењето и искуството на нашите партнери, без притоа да импровизираме, да креираме свои програми кои не се темелат на долгогодишно тестирање и развивање во насока на нивно усовршување. Во прашање е едукација базирана на решавање на реални проблеми и примена на принципите на игра при стекнување на знаење.

Оттука доаѓам до втората причина зошто токму СТЕМ Академија. Користиме програми кои се проверени и кои се применуваат во формалното образование во многу училишта во западните земји. Во осмислувањето и изработката на овие програми учествувале стотици експерти за образование од целиот свет. Пред се мислам на програмите на нашиот партнер Lego Education со кого соработуваме од нашите почетоци до денес и на Микрософт едукација кој ја инкорпорира технологијата во процесот на учење со цел да им се овозможи на учениците нови интерактивни начини на стекнување на знаење. Дополнително СТЕМ Академија има воспоставено соработка со значајни образовни институции како што се Машински факултет во Скопје, Универзитетот Харвард и Академијата за роботика Карнеги Мелон.

Трето, СТЕМ Академија инсистира на континуирано обучување и надградување на знаењето и вештините на нашите едукатори и го цени нивното залагање во секојдневното работење на СТЕМ часовите. Верувам ќе се согласите дека без искусен и обучен кадар не може да се добие квалитетно образование. Не е доволно некој само да сака да работи како СТЕМ едукатор, за тоа е потребно доста знаење и искуство.

Други наши предности се просторот и опремата кои се користат во процесот на учење. СТЕМ Академија посветува многу внимание на креирање и унапредување на средината во која учениците престојуваат, бидејќи од тоа многу зависи не само како се чувствуваат учениците, туку пред се како тече процесот на учење. Оттука, во овој аспект се трудиме да ги следиме искуствата и препораките од нашите партнери и со задоволство инвестираме во услови кои го подобруваат искуството на учениците.

If you Have Any Questions Call Us On (010)123-456-7890